Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но кој да верува дека моето патување во Албанија во потрага по вистинска претстава, создадена според законите на уметноста и автономната вредност, ќе се престори самото во драма, при што сцена ќе биде самата земја, со расплет во декорот на Атеистичкиот музеј во Скадар, со ликови меѓу одбраните водичи по музеите, со многубројни активни и пасивни статисти од редовите на тајната полиција, Партијата, мои блиски по таткова и мајчина линија, во генералниот декор на родната земја со седумстотини илјади бункери?!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)