Да, јас ги изградив тие скали, бришејќи ја од челото потта секој момент, солена и слатка во исто време, ги изградив скалите, моето дело го измени просторот, го измени раката моја.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Пенест звук ми ги бодина сетилата
- има мирис и меѓу стиховите што пробива
солена и пловна снага
да се допре, да се види
пред да се опише.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Солени и топли, тие се збираат во длабнатините на неговите свиени усни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тука земјата беше многу солена и црна Зашто сѐ од изворот што ќе потечеше Суша ги цицаше и жед.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)