Нивото на неговата собрана храброст ја достигна потребната решителност, за првиот исчекор, кон средбата со себеси и во тој миг, со помалку сомнеж, се осмели да се нурне во откривање на тајните на сопственото битие. Пред вратата на сопственото огледало!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Таквото апсолутно негирање на сопственото битие „го” прави неговото „вистинско” јас, да биде точка на работ на исчезнување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Утврдивме дека основниот расцеп во шизоидната личност е пукнатината што го оттргнува сопственото јас од телото: Јас/(тело-свет) Таквиот раскол го кине индивидуалното сопствено битие на две, на таков начин што јас-чувството станува лишено од телото, а телото станува средиште на системот на лажно јас.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тежината на сопствениот крст Навлегувајќи во длабочината на сопственото битие, на подножјето на снежната планина тој го препозна кривулестиот пат, по кој што, во форма на шарена тенка змија, се нишаше, влечејќи се низ водената површина, долу покриена со магла, горе кон снежната планина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Му беше појасно од секогаш по долгите дебати со Татко дека извишувањето на човек до кои било недопирливи врвови не може да биде ништо друго, освен длабоко спуштање во дното на сопственото битие.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И верувам во себе. Заклучок: Силата на животниот вител е во вербата за вредноста на сопственото битие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)