Се плашам од дивиот нарав што во часовите на осаменост ја труе мојава душа со желба за одмазда, зошто сакам да бидам повеќе од човек, носен од внатрешниот порив кој ќе ме отуѓи од се што е човечко, а се што е човечко ме направи тоа што сум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се плашам од сопствениот одраз во огледалото, го гледам тоа што несакам да го видам, а тоа што сакам да го видам е од другата страна на стварноста, нејзината опачина е моето вистинско лице.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога го виде сопствениот одраз во огледалото се освести.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)