- Снежано! Светлост и светост моја, во мигот кога ја изгубив вербата во сопствен пород, груткава во градиве никако да се стопи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Жал ми е за неговата младост, но уште повеќе ми е жал ако ти си го потрошиш животот на духовни истражувања без желба за сопствен пород и искуството на мајчинството, што е една од најголемите радости на жената.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Одби тогаш
и сега одбиј -
доказ за љубовта
посегањето по сопствениот
пород
и жртвувањето
на најмилото
- да ти биде!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Убав акварел, но не може да се види, да се навлезе подлабоко и да се одгатне зошто Профим трча со секира по својот сопствен пород заканувајќи му се дека ќе го убие.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)