Но, веќе како врвен дизајнер во Фонт Биро, одговорен за дизајнирање и редизајнирање на фонтовите за списанија како Rolling Stone, Business Week и Martha Stewart’s Living - фонтови кои се наменети за подолготрајна употреба - има изострено чувство за тоа што е соодветно. Frere-Jones е критичен кон оние дизајнери кои не се осмелуваат да го објават сопствениот труд, како и кон оние коишто се обидуваат да остават впечаток, а работите ги објавуваат недовршени со што стандардите на фонт-дизајнерството ги враќаат наназад.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од крајот на педесеттите уметниците од целиот свет се вградуваат во сопствените трудови - Ханс Најмут (Namuth) го снима Џексон Полок (Pollock) како работи врз платна од коишто се цеди боја; францускиот уметник Жорж Матје (Mathieu) јавно изведе една голема акциска слика; јапонската група Гутаи ги поставува своите тела во кои (акции), а Казуо Шигара слика со нозе и ваја во кал за борење.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пиеро Манцони отиде чекор потаму, претставувајќи го биолошкото тело на уметникот како уметност: „Во мај 1961 произведов и потоа во 90 конзерви ставив ‘гомно на уметникот’ (по 30 грама во секоја) со природен конзерванс (made in Italy).“ (Manzoni, 1962.)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)