Потоа Филип II ја наметнал македонската власт врз соседните племиња па дури под македонската власт го ставил илирското мнозинство, освен оние што живееле на јадранскиот брег, Трибалите на север, па Хелените на југ и Тракијците на исток.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Така станале имињата Србин и Хрват народни од племенски, така се присоединиле механички кон нивните носители соседните племиња со своите наречја и составиле со нив еден народ, постепено асимилирајќи се со своите покорувачи или присоединувачи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Перидот од 30 г.пне. до крајот на III век се карактеризира со подолг период на мир во Македонија кој повремено бил нарушуван од упадите на соседните племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Војувајќи успешно против соседните племиња и Илирите успеал да ја прошири македонската држава до Охридското Езеро.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Секако дека нашиот патриот нема да разбере дека овие обвинувања се упатени кон неговиот прeдедо од времето на неолитот кому, војувајќи со соседните племиња, му преминало во навика да се брани од сè што е туѓо, а тоа, од колено на колено, го пренел и на својот модерен роднина.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)