Другпат гледавме како во соседната улица папараци ја блокираа колата на Бритни Спирс на патот кон медицинскиот центар на Ју-Си-Ел-Еј.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сакаше да сврти зад соседната улица; но сѐ што беше во него, од ветровиот вез во маслинките до последниот кикот на машинките, се распрсна во силен прскот, во тапо кршење, ѕвечење, крик, и сето тоа се слеа во татнеж и како лавина тргна во недогледна бездна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На утот тоа не му пречеше да раскажува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Негде, во соседната улица, лаеше пес и гребеше на нечија врата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од соседната улица се слушаа звуци на тамбура; се извиваше некаква заплетена турска мелодија, долга и пострашна од крива сабја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од старата кафеана во соседната улица се слушаше појака врева, придушено тропање на дајре, женски пискотлив глас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Андон, Петко и Паљо излегоа преку соседната улица на другиот крај од онаа страна на улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Добро, не баш само нам туку и на клинците од соседната улица. Може и кралица да бидам“.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)