Како, да речеме, во една музејска постава, во една секвенца што има и наслов и се вика „Приказната за Даниел” и којашто таму ви се случува пред очите и ушите, влегувајќи во собата на едно обично дете.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Целата оваа активност ќе го заокружи економскиот развој, капиталот ќе се придвижи, па и ќе се сврти како и сите ние, под присмотра, а и ќе се вработат нови, нестручни кадри, од најгорливите ризични социјални групи, на кои не им е до ништо, а не па до секс... за што секако ќе бидат подложени на претходно тестирање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Учесниците во малата интерна војна што допрва се затркалува во Македонија не се само политичките партии туку онаа социјална група која има обичај да се нарекува интелектуалци односно интелигенција (уметници и писатели од најразлична жанровска припадност, хуманистички научници, универзитетски професори од разни профили, политичари со докторски наслови или доктори по наука кои својата конечна вокација ја пронашле во непосредната политика), сите тие меѓусебно се борат околу исклучивото право на формулирање и претставување на она што се смета за вистинска национална вредност.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Според ова гледиште, метафора е лингвистичка единица на координација на биолошките состојби меѓу членовите на една социјална група.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Затоа кон типичните обележја на историскиот фашизам припаѓа апелот кон фрустрираната средна класа, која страда под економска криза или под чувството на политичко понижување и којашто се плаши од притисоците на социјалните групи одоздола.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Од оваа гледна точка, психотерапијата на проблемите ум- тело би требало биолошка појава како дел од третманот, да ги користи социјалните групи на луѓе кои се бават со јазикот во врска со проблемите ум- тело, тоа е она што Anderson i Goolishian (1988) го нарекуваат проблемски- ориентиран систем.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа е тематски парк на кој за ужасот на масовното уништување, на потполното исчезнување, на геноцидното согорување, на холокаустот на припадници на цели социјални групи: Евреи, припадници на речиси сите словенски нации, Роми, Синти, хомосекусалци, комунисти, анархисти, јеховини сведоци, слободни ѕидари...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)