Се чини дека нашите „префинети“ правници се нечувствителни за социјалните димензии на овој специфичен тип работен договор и, повеќе од сигурно е дека, не прават никакви посебни напори да им олеснат на очајните работници кои се напикани в ќош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Коста Чавошки: Увод у право I – Основни појмови и државни облици; Београд, 1994; стр. 29-33. 306 Овој, како и мноштво други фактори ги демотивираат и одвраќаат работниците од ефикасно искористување на било каков правен лек и перфидно ги принудуваат да ја трпат неправдата која секојдневно им се нанесува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Логиката на нивната вкочанетост е логика на стравот, не не страв како карактерен недостаток на случајни поединци туку како модел на реагирање на општествени случувања, значи стравот не во неговата психолошка, туку во неговата социјална димензија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закон за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 66/06. 73 Закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, Сл. весник на РМ, 166/14. 72 83 Во овој закон се посветува определено внимание и на трудовоправната и социјална димензија на прашањето за еднакви можности на жените и мажите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)