Не ќе верував, да не ми се случуваше тоа што ми се случи, дека Албанија беше целосно саможртвувана на сталинизмот и тоа во времето кога тој беше осуден во СССР и сателитските социјалистички земји.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
— Во 49 година дојдоа група писатели од социјалистичките земји. — Тоа не се странци, вели. — Имаше и еден Французин, му велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дојдоа и претставници од сите социјалистички земји, освен од Југославија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите кои бевме во тогашните социјалистички земји за нив бевме грчиња!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А во другите социјалистички земји каде што сталинизмот остана и по исчезнувањето на Сталин, тој таму се изроди, се оплоди со домашните сеништа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нашите научници и прославени стручњаци, со помош на експертите од братските социјалистички земји, согледаа дека во овие води се кријат милијарди киловат-часови електрична енергија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И би чудо. На почетокот сталинизмот ја крена границата меѓу двете братски социјалистички земји, на двата брега на Езерото, а сега тој таа граница ја зајакнуваше, ја правеше најнепроодна во Европа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тука се нашите прекалени хидроинженери, со соодветни специјализации во Советскиот Сојуз и другите социјалистички земји.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ќе изумев да ви речам дека доколку се покаже прескапа работата врз изградбата на паралелните патеки за јагулите, Партијата ќе ја обврзе државата да се донесе закон Дирекцијата да најде средства за обезбедување на подмладокот со дотур на јагулчиња од водите на братските социјалистички земји.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)