Формулата на Шефот во случајот на полицајката беше едноставна: Ема, заедно со Нинослав, ќе го води префрлањето на Илона, а специјална екипа што тој ќе ја испрати таа ноќ на граничниот премин Табановце, неколку часа откако Чехињата ќе биде пропуштена без да се евидентира во системот за гранична контрола, ќе открие злоупотреба на службената должност на полицаецот Јованче Крстов кој својата улога во нашата група дотогаш си ја извршуваше беспрекорно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пратиле специјални екипи и пожарникари да го локализираат запаленото место.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се предлагаше дури и да допатува специјална екипа од главниот град, но тоа веднаш беше отфрлено од градските власти...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)