Должност е на неколкумината одбрани кои го разбираат ова да ги преземат овие мерки; тие имаат обврска да го подобрат светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според него, исто така, потребно е преземање на посебен напор за да се изложи реалноста, и специјален тренинг во методолошките суптилности пред да може некој да ја согледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На ист начин, во Позиции попроникливиот поглед покажува дека означителите и означените немаат независно значење (и како такви, се налага, не треба да се гледаат како дистинктни), и во Маргини на философијата за Аристотел и другите философи се покажува дека употребуваат метафори токму во нивната расправа за природата на метафорите и не-метафорите.4 За Дерида исто така, појавите се заведувачки, и зад она што изгледа невино и вистинито постои нешто покомплицирано и попроблематично.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)