Помошниците од оваа страна, на господинот Призрак, се викаат: Бедмен („човекот“ што настанува во соништата, или на психоаналитичарските каучи... - така се зборува); потоа доаѓа Мики Хаос (како и за Пајо Ентропија и Роџер Ребит, се претпоставува дека Мики им избегал на цртачите како вирус на лаборантите; други, пак, мислат дека Мики Хаос настанал под стаклено ѕвоно, изложен на влијанието од јаглерод, натриумови соли и графит, додека се симулирал Големиот Траскот...); третиот и последниот (но не на крајот од ланецот што се врти во круг!) е веќе споменатиот господин Јанус, кој скоро сигурно е човек, но со две глави, за разлика од Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)