спонтан (прид.) - инстинкт (имн.)

Тие не си ја доживуваат желбата како доказ за својата човечка дејственост, како потврда на природноста на нивната човечка природа, како израз на нивната спонтана усогласеност со природниот, даден свет.469 Не можат да ги восприемат своите инстинкти, своите емоции, своите копнежи и похоти како зададени поставки на универзалната човекова природа, како очигледни, нагледни и сосема усогласени со начинот на кој нештата си се по природа – накратко, со човечката природа. ‌Многумина хетеросексуалци се отуѓени и од хетеросексуалната култура, од културата на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто немаат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата не е во општествените премрежиња и стварните степени на „природност“, туку во свеста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од она што го напишав тука за машката хомосексуалност – за нејзиниот статус како особен општествен облик, за нејзината изведбеност, за нејзината неавтентичност, за неможноста на еден општествен идентитет да ја долови желбата што го дефинира – може да се каже и за хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејт-мажите мораат да научат да играат една или друга верзија на хетеросексуалната мажественост, а можат да имаат и свест за неавтентичноста на обликот – можат, и тоа како, да ја сметаат за нешто задушно наметнато врз нивните спонтани инстинкти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)