Според процената на Морган од 4 февруари 1943 година основните цели за уништување на мисијата требало да бидат:  “(а) Електричната централа во Тетово.  (б) Локомотивите и возниот парк на теснолинејката а споредни цели можеле да бидат:  (в) Инсталациите на електричната станица, трансформатори и др. во Радуша.  (г) Надземните јажиња од рудниците.  (д) Помали саботажи на теснолинејските шини.
               
             
           
            
            
              „Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
               од Тодор Чепреганов 
              (2001)