До последните денови од животот Климент Камилски ламентираше пред своите најверни пријатели, книгите, запрени по многу патувања во неговата волшебна, митска библиотека, во која имаше и многу негови значајни списи и записи, во еден рафт и сребрената табакера подарена од Ла Пасионарија од деновите на Шпанската граѓанска војна...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не постоеше никаква надеж дека последниот заеднички проект за (без)опасните османскотурски заемки, ниту додека беа живи ниту потоа, ќе биде од некого прифатен за печатење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Зборувам за својот роденден. Денес се родив во сребрена табакера. Со твоето неочекувано доаѓање во крчмата.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)