Втората од овие две помалку тажни љубовни истории, која единствена има несреќно среќен крај, но која врз себе носи два завојувачки печати, српски и бугарски, се случи набрзо по убиството на Ристана Голушкоска и на Видана Јанчески, во пролетта 1944 година, во време стрижење овци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потковицата и тогаш беше запоседната од фашистички војници и полицајци, божем пак беа дојдени за да прават маневри а всушност ги правеа поранешните работи - ги гонеа партизаните и ги одземаа вилната и млекото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Пиратите не личеле на чавки и биле, несомнено, многу повеќе од само добри пријатели, а јас многу повеќе налик на обична девојка од приказните со среќен крај…
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
„И? И? И, што се случи? Раскажи, раскажи, ама те молам мамо! Што се случи со огнот и со водата... има ли среќен крај приказната?“ „Е, дете, дете...“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Атомска пчелка и вредна мравка (Пепелашка сонувачка) Ако стигнам во животот да ги одиграм сите танци со замислени противниции вистински партнери,ако успеам да ги исполнам сите ветувања, да ги испрочитам сите напишани редови, да ги одрецитирам сите песни за некои други жени, за туѓи љубови со среќни краеви.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
За љубовта која што многу ретко има среќен крај и за машката тага растопена во литар со литар (смедеревка&кисела).
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
„Среќните краеви се сите слични”, би одговорила таа, кога таа би била од оние што одговараат, „но, барем во овој универзум, делта ро по делта ку е еднакво со Планковата константа или поголемо од неа, така што, иако може да изгледа дека Ахил никогаш нема да ја стигне желката ниту пак било која приказна ќе дојде до својот крај, тој ја стигна неа, а и нивната стигна до својот, амин.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Баба во своите прикаски се обидуваше да наложи среќен крај односно да измисли сказна во која ќе се најде јунак од едната или другата страна на границата која ќе го убие змејот, ќе ја победи границата среде Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Секој од нас исполнет со чувство на љубов, среќа, радост што ни ги подари без тронка грижа на совест... јас станувам роб на моите сништа, и доблести...што животот ми го прават како бајка со среќен крај...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)