И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Многу лесно тоа можеше да биде неговата нога, неговата натколеница, беше среќен што не беше таа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го нема Русинот. Јас и Тодор Малинов чинам и сме среќни што класот не е испомешан.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Татко ми беше среќен што пораките на неговите книги, собирани цел живот, сега добиваа нови читатели – слушатели меѓу козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бидете среќни што и вас не ве закачи.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)