Да се објасниме. Нашите читатели веќе знаат дека Цариградските друштва „Братство“ и „Македонска дружина“ во весникот „Право“ објавија отворено писмо до г. Мариновиќа (Јован Мариновиќ, српски министер на просвета) во кое ги осудуваат дејствијата на односното српско министерство и се жалат од српските пропагандисти кои сеат раздор меѓу српскиот и бугарскиот народ и наместо браќа и сојузници создаваат противници и непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така тој, Максим Акиноски, послужувајќи се со итрост, го спаси и Имотот и целата Потковица од Сима Симиќа, српски пропагандист во летото во 1846-та година.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Осаменост ли, лукавоста ли на овега, или пак тоа го сторил за инает на браќата и братучедите од кои никогаш не престана да се чувствува предаден - управувањето со Имотот му го препуштил нему, на Сима Симиќ, српски пропагандист, а сам со неколку книшки што го донесол со себе Симиќ, се здал да ги „просветува“ потковичаните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)