Климент Камилски коментира во себе, а подоцна тоа му го пренесе дискретно во еден разговор на Татко, дека и цензурата во сталинистичкиот комунизам по војната била само една од балканските варијанти на западната инквизиција во однос на забраната на книгите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во новата земја, на другиот брег од Езерото, Југославија односно Македонија, Татко нѐ спаси од фашизмот и подоцна од сталинистичкиот комунизам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кружното планетарно патување на јагулите низ водените патишта, поделено на повеќе генерации, ја означуваше природната парадигма која Татко сакаше да ја примени во толкувањето на кружното движење на семејството од патот од Езерото, преку реката и морето, до океанот и назад во времето кога се вестеше на Балканот сталинистичкиот комунизам.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сликата на безизлезниот лавиринт во кој исчезнува козарот со козите е јасен амблем на жестоката судбина на земјата под владеењето на интегризмот на сталинистичкиот комунизам.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека сезнајниот атеистолог А.А. се подготвуваше во вообичаен вовед да ни го претстави православниот павилјон и со тоа судбината на оваа вера во текот на сталинистичкиот комунизам во Албанија, јас бев обземен од мислата за тоа кому му пречеше троверјето во земјата и надвор од неа?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)