За сталинистичкиот режим на Албанија, сите тие остануваа ревизионисти и ништо друго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Невин, него го ликвидира сталинистичкиот режим поради англиската врска, во еден од своите фантомски судски процеси.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не можеше да се помири со сталинистичкиот режим.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Лазгуш Порадеци овде ги споменува дедо ми и татко ми, како основоположници на школството во Поградец и пошироко, за време на Големата војна и француската администрација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)