БОЖАНА: (Внесува од мудбакот газено ламбиче без стакло и го клава на огништето.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Колкав и да беше тој имот на душата, каква и да беше неговата недостижност за другите луѓе, животот на Богдан Јанков не ќе се изменеше по седумдесет години од првото заценување над дојката набрекната од синкави жилички и млеко ако тој чувствувајќи го мирисот на 'ржта и пелинот од момчешките дни, не почна да копа со ковчестите прсти по мусандри и стари ковчези и да бара спомени од младоста, нешто што ќе го врати таму кај што бил тој што бил силен и значаен на пат без тумби и румби и под небо без допир со чад од железарници и локомотиви на натоварени возови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Вљубените ракописи од стариот ковчег се само неважно мои Вие од племето спонтани природозанесени очекувајте ме крај потокот да се прочистиме А туѓинците, богатите излетници, нека ја читаат историјата на нашето исчезнување, измамувајќи си по некоја солзичка Нека не запечатат, пожолтени, во музејските архиви Нашето време помина и не знам дали ќе се запрашаат „беше ли?“
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Долу, под нив, поредени покрај ѕидот ноќви, стар ковчег за алишта, куфер, јорган завртен со спаѓа, торба со леб, неколку стомни и едно ѓумче со вода и леѓен. Напред неколку троножни столчиња.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)