стар (прид.) - мајка (имн.)

„Невесто, - вели старата мајка - донеси ја урката“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ајде, да не ми е стара мајка, умрела, леле, Да не ми е стара мајка, леле, умрела?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Море, ниту ми се силни Турци на конак, леле, Ниту ми се силни Турци, леле, на конак; Море, ниту ми е стари татко починал, леле, Ниту ми е стари татко, леле, починал, Море, ниту ми е стара мајка умрела, леле Ниту ми е стара мајка, леле, умрела.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мртвата Светлина им ги зеде сите времиња на луѓето... ... нивните синови и се вратија на својата стара мајка...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
„Ни е страв, ефенди...“ „Каков страв бре? Пуштете ги грлата, викнете ја песната: ‘На душа ми, стара мајко, камен воденички’”. „Не ја знаеме, ефенди“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Среде седи другарот Планински,. тој им вели, вели ем говори: „Са ќ’ одиме у нашето село, наше село, село Ораовдол, да си видам мојот стари татко, стари татко, мојта стара мајка, мила сестра, мојте мили браќа.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Добровечер, бабо - је рекол ќелешот, те молам, стара мајко, ако не ми даиш малце вода да се напијам, оти цел ден кај одам и нигде по патој вода не сум нашол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Ме сети, - продолжи побратимот, обраќајќи му се на Татко, - твојата стара мајка. Око не беше склопила.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)