По големите промени кои го наговестиле распаѓањето на Душановото царство и кои започнале во 1360 велможот Радослав Хлапен кој владеел со Бер и Воден успеал да се осамостои; во Сер од 1360 почнала да се осамостојува царицата Елена; во Јужна Албанија се осамостоил господарот на Валона, деспотот Јован Асен; во Зета се осамостоил кнезот Воислав Војиновиќ, кој со брат му Алтоман ја држеле областа меѓу Дрина и Рудник на север и по должината на јадранскиот брег од Дубровник до Бока Которска на југ. Кнезот Воислав владеел со областите на стара Рашка и Травунија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)