Стар скопјанец е личност која живеела во шупа или керпич куќарка, чувал гулаби и едина забава му била грицкање семки у скопското корзо и чаламење со шушкавец од Трст.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Стариот скопјанец кој станал член на комунистичката партија и за Титово време лапнал муфте стан, а шупата ја продал на градежен инвеститор па воедно лапнуе уште 3 стана за возврат кои денес ги издава под кирија на провинцијалските студенти.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)