Му се причинува ли дека гласот на Сириецот старечки затреперува, или тоа што очевидно се спласнува, се смалува е поради напнатата тупаница на мигот што ги дроби сите присутни: - Кога го зграпчив, кога ги почувствував неговите пори врз моите...бев момчак во несопирлив трк.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)