Неговата стегната тупаница се разлабави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! - викавме на цел глас и со стегнати тупаници се заканувавме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Никој не може да ми помогне. Сето ова е најнеразбирливата и клета работа што досега ми се случила во животот“, ги отвори очите, ги стегна тупаниците и почувствува дека се студени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Бошко, кој го слушаше овој муабет со стегнати тупаници, туку наеднаш рече:
„Остави го ти народот, мој стопане.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)