Согласно измената, овој член сега пропишува дека за времето додека се спроведува стечајниот план за вработените, кај стечајниот должник се плаќаат придонеси само за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и персонален данок од доход намален за 50% (чл. 35).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај ова, се укина можноста, за намирување на побарувањата што произлегуваат од утврдениот социјален план, да може да се употреби најмногу една третина од имотот што влегува во стечајната маса што бил достапен за распределба меѓу доверителите во стечајната постапка, во случај кога по отворањето на стечајната постапка нема да се донесе стечаен план, односно кога нема да се утврдат никакви економски, технолошки, структурални или други промени насочени кон одржување на должниковиот деловен потфат или на некој негов дел (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)