Кампот е потсетник за извештаченоста на емоцијата, за автентичноста како изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој провалува во самодоволниот свет на страсната желба и ја прекинува нејзината неиронична восредиштеност кон едното – нејзиното систематско исклучување на спротивставените вредности, нејзината несвесност за нејзиниот поширок општествен контекст, нејзината опсесивна сосредоточеност на посакуваното и нејзиното одбивање на спротивните гледишта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој е противотровот за романтиката.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот, како што видовме, е внатрешна практика на една дијалектика во машката геј-култура која се врти околу низа спротивности меѓу романтиката и разочараноста, сериозноста и несериозноста, автентичноста и неавтентичноста – меѓу неироничниот набој на машката геј-желба за машка убавина и ироничното спласнување на тој набој.
Кампот ѝ припаѓа на една страна од тоа двојство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но „оној којшто наоѓа заштита во сопствените зла, кој може да биде храбар само ако е гневен, вреден само ако чувствува страсна желба, мирен ако се плаши, мора да биде потресуван и фрлан навака-натака; таквиот мора да живее под тиранија и да падне во ропство на некоја страст”, вели Сенека и додава: „Зарем не е срамно да допуштиме пороците да ги заштитуваат доблестите?“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Уште од митскиот бог Бахус, па низ културната историја на сите народи, како црвена нишка се провлекува интересна и сѐ уште недоволно испитана појава - нагонска и страсна желба да се земаат средства кои ја менуваат состојбата на конвенционалната свест.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)