страстен (прид.) - заинтересиран (имн.)

Но, не сѐ што не се квалификува како вистински мажествено, според крутите општествени критериуми чија цел е да ја чуваат чистотата на таа ретка и скапоцена суштина, мора да биде женствено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога страсната заинтересираност на некој маж за конзервација на историски предмети или за реставрација на дела од некој период се доживува како знак дека тој го има „психолошкиот карактер на жените“ (да се послужам со формулацијата на Едвард Карпентер), тогаш општествениот јазик на родот набрзина се преведува како природна стварност на полот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Екстатичното обожавање на дивите од светот на операта или од светот на популарната музика можеби не е баш најбуч-работа, но тоа не значи дека е женствено – во смисла на тоа дека жените како група голтаат изведби на Марија Калас или на Џуди Гарланд во иста мера во која ги голта Руфус Вејнрајт или дека се јатат на опери како што се јатат околу тезгите со шминка или дека собираат спотови од Шер или од Мадона од страв да не ги сметаат за неженствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сосема се согласувам со Фелоус дека честопати во стереотипите има вистина – „Колку и да изгледаат ветво“, вели Фелоус, „геј-стереотипите се корисни за испитување на природите на геј-мажите “ (246) – но кога таквите стереотипи ги претвора во архетипови (х, 247) и во вистини за нашата природа, Фелоус премногу полага верба во клишеата, во општествените фантазии за мажественоста и за женственоста кои ни изгледаат очигледни и точни само затоа што се сообразни со распространетите, општоприфатени поимања на полот и на родот, поимања што излегуваат крајно некохерентни штом ќе ги разгледаме одблизу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)