страстен (прид.) - пушач (имн.)

Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„О, кога сте се виделе со Карер?” - се направи недоветен митрополитот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Само повелете”, возврати владиката. „Во младоста и јас бев страстен пушач.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе нè чинат само 200 марки, колку за два грама.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во контекст на текстов, ако невестата е страсна пушачка како мене, ќе си ја преседи свадбата своја крај отворен пенџер или пред ресторанот цупкајќи во место со деверчето, што ќе ѝ држи фишек за пепелта, направен од поканата за свадба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тики: Најдов двајца клошари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)