Седумте смртни греови
суетата, многубоштвото, блудот
алчноста, слабоста, охолоста, злосторот
прераната смрт и поделбата
на раси и класи
крволочноста, разбаштинетоста
подземјето и теророт, сѐ
во име на народот и правдата
Платоне
поредокот е устроен од човек
за уметност е настроен, за појезис
за вешто строење жални и страшни собитија
митови и митарења
- што дека ечи заносно стремежот
по идеалното дело космичко
Божјо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Жални и страшни собитија“
- оглед -
Зар има совршена држава луѓе кајшто има?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)