стрмен (прид.) - скала (имн.)

Кога нѐ здогледа како задишани, со Бреза в раце, се качуваме по стрмните скали, Тони се исплаши, мислејќи дека нешто сташно се случило. Се стрча по скалите и ја грабна Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Долж ходникот од левата страна имаше прилично стрмна скала што водеше кон горниот кат, а од левата беше просторната, долгнавеста дневна соба со широка двокрилна, секогаш ширум отворена врата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од вратата удолу се спуштаа стрмни скали, на чие дно нашите чевли стоеја уредно наредени.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се искачив по стрмните скали со големиот куфер в раце и зазвонив на вратата каде што на една месингена плочка со крупни слова пишуваше.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сфатив дека на тој начин ќе можам помирно да се олеснам, па го оставив тушот да тече цело време - што и да биде, си помислив, тетка ми ќе мисли дека се туширам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)