- Прибери го коњов, - му рече уште посербез Панде, и, без да седнува да си почине, тргна накај градот по познатата стрмна уличка, по која се искачувал и порано, со татко му, за време на манастирските празници.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ех, сѐ со време! Воздивнува поштарот, божем првпат стои на ова место, каде завршуваше неговата дневна работа, неговото еднолично одење по нерамните стрмни улички на гратчето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)