Гоце ја заврши првата година во военото јункерско училиште во Софија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дежурниот офицер ја извади книгата заповеди и почна да чита: „ЗАПОВЕД“ „Ѓорѓи Делчев, јункер од ова воено училиште, за давање недозволени книги за читање на јункерите, кои беа в затвор, се казнува со пет дена строг затвор.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Па сепак ги затвораа, па дури и ги осудуваа: на строг затвор, на робија, на смрт.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)