Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и ѝ нареди да ја земе Неда „негова“ за сина си Митрета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Женските бакнежи го разнежија и неговото арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој. Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Султанот издал строга наредба до целата војска и полиција: „Жив да се фати или да се убие!“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По откривањето на тајната врска, по закана и строга наредба на Султанот и по барање на тогашниот Шеих Ул Ислам, ја задавил својата голема љубов и своите деца (од 4 и од 7 години) во одаите на својот Сарај.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го правиме она што некогаш татко ми го правеше преку мојата малечка сестра - со строга наредба ме довлечкуваше дома покрај радиото.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ни рече такви како нас, орли, соколи, кажуваше и некои други имиња на пилци, сме само за на фронт, дека ние сме дораснале да ги замениме нашите татковци и браќа што останаа на Грамос и на Вичо, ама имал добиено строга наредба да не не враќа иако тој со големо задоволство би извршил уште една голема задача спрема револуцијата праќајќи не нас на боиштата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ни рекоа дека наскоро ќе почнеме и да пишваме и дека на секј ќе ни дадат по половина молив и по една тетратка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Барањето не беше строга наредба, ама и не требаше туку така да се отфрли.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)