Татко, некогаш висок, со цврста и стамена става, со енергичен и строг поглед, сега беше видливо ослабен, подвиен од товарот на годините, предвреме остарен, со постојано благ израз на лицето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ако ги објавуваме апатичните текстови на малите чајџилнички вилозови што бескрајно страдаат поради строгите погледи и простачката иронија на нивните ментори (кои исто ги објавуваме), зошто тогаш да не го објавиме и твојот сочен и страсен текст, пријателе?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На неговата збунетост уште повеќе влијаеше строгиот поглед на шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го гледавме Сталина, со строг поглед, густи веѓи и мустаќи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Настана молк. Ана, која сакаше нешто да каже беше швркната од строгиот поглед на Томо. Томо беше тој што пресече.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)