Но, во еден период, додека работеше во судот, пред самото откривање насиџилите, кога и материјалната и работната позиција многу му се нишаа, во времето кога ја одби и последната можна понуда да стапи во Партијата, кога одново започна да се пребарува во неговото минато, тој мислеше дека само еден Орден, дури и од најнискиот ред, ќе може да му ја измени позицијата, да им отвори добри перспективи во школувањето на постарите деца кои ги ориентираше кон средните стручни училишта, што поскоро да се здобијат со свое парче леб.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тие имаа завршени стручни училишта, работеа и студираа, беа веќе свои луѓе а беа и во можност не само да обезбедат леб за своите семејства туку и да помогнат со понекоја пара за нас, помладите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека имаше сила и додека донесе конечна одлука да останеме во градот крај реката, по спасоносното откритие на сиџилите, Татко постојано н советуваше нас, своите пет синови и ќерката, школувањето да го насочиме кон стручни училишта: најмногу во медицинските и во техничките.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)