Розите на чичко Темелко во училишниот двор успешно му се противставија на студениот здив на Баба Марта, се изборија за опстанок.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Имаше нешто убаво и радосно во него за децата и нешто застрашувачко за возрасните кои ја познаваа и другата страна на тоа бело платно, дека под себе крие и студени здивови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со истата одлука се разбуди другиот ден, како и во деновите што се заредија полни со студениот здив на ветриштата што почнаа да ја подготвуваат земјата за зимата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ама тоа не беа ветровите што ги чуваше дедо Костадин во вагонот, туку тоа беше студениот здив што шибаше од ноздрите на зимата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Посакувам да ти ветам бесрамнику Штом студен здив твој сетам Секој мој стих повикува на двобој Мунковски испиен блед лику И ќе го вплетам во тебе знај Ко игла со која Дервишот Ја докажува моќта на потсвеста Гласно во овој миг велам – Иш Искреноста е мудрата сестра Направи трик – исчезни Да го почнеме од почеток нашиот крај 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Зимата ја насади својата бела капа на врвот на Водно, а студениот здив ѝ допираше до дојденците во недоправената зграда на крајот од градот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)