сув (прид.) - бука (имн.)

Наоѓавме кутнати суви буки што одамна ги очекуваа дрварските секири, но не се запиравме, одевме сè понагоре и понагоре.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Отаде поточето лежеше огромна сува бука, кутната во некое невреме од ветриштата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во коријата најде една дебела кутната сува бука.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дури и старата сува бука одново разлиста од чудотворната песна на славејчето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Најдоа две суви буки. За едната го врзаа Дорча, а на другата седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)