„ а тој само се насмевна, како да беше негова заслугата што сè се одвива според негова волја и дури тогаш седна на оној стол што му се потсечени нозете а дланките ги качи на колената; знам оти токму така постапуваше секогаш кога нешто очекува но не дај боже тоа нешто да биде од оние, лошите; а потоа неколку долги моменти со своите суви очи шеташе внимателно, како да бара нешто што намерно е скриено од него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Последното чкртање на двоколките стивнало, од остриот звук земјата станала сунатица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето од дружината наеднаш се почувствувале измамени по долгиот пат на кој коските на другарите биле патоказ од пекол в пекол - ги пречекува куп суви очи, никој не им подава рака, не ѕвони смеа на деца и не се слушаат женски извици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Прч, а ваму акал по светот, уживал.“ „допиј ја ракијата и бегај“, палчеше навечер Јага перуника со суви очи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога излезе од собата, со сосема суви очи, уште цел еден ден не им прозбори, како тие да беа виновни за сè.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)