сув (прид.) - слива (имн.)

Меѓу две пијачки во кафулето Абориџините од сиот свет преработуваат суви сливи против запек на песимистите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На пример, опурчаците — за олути на нови опинци, некоја шутка — за собирање суво зелје, суви сливи, круши, бонгур итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Милиќевиќ имаше за должност да ги „надзирава" касапите и магацинот, та немаше ден да не донесе полни џебови од шинелата со месо, дробови или ориз, шеќер, суви сливи, и други продукти што ги земаше со таин.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сè е таму сосема „природно“, приспособено на телото, на некое астрално тело, кое има врска со ова мое тело преку мојот астрален папок...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)