Во првата половина на зимата, негде пред самата нова година, се паѓаат и пофалбите од Покраинскиот комитет на Војводина, учество на младинска конференција во Сомбор ( со авантурата што си ја приредивме јас и Михали Банчотов, среде ноќ, по сув студ со месечина, пешки да се враќаме од Сомбор до Гаково), и нормално, неколкумина од соучениците да ги предизвикам против себе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ноќе и во лето, кога се домашните во полето, пенџерињата се поклопуваат со дрвени капаци но тие во мигов се раскрилени па низ замрзнатите џамови во одајата навлегува, зрачен, самракот: во меѓувреме надвор стивна виулицата, стегна сув студ и сега на небото и во воздухот се најавуваа јасник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)