Слабото, речиси никакво, знаење на македонскиот јазик, како и неговото нечленување во Комунистичката партија, го спасија и семејството од натамошната Таткова судска кариера, која сигурно ќе завршеше неславно за секогаш сомнителниот албански емигрант.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси само од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, во својата судска кариера, низ балканските судови, макар и како судија, никогаш не можеше да се ослободи од чувството на обвинетост.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој ја напушти долгогодишната адвокатска и судска кариера, жртвувувајќи го преостанатиот дел од животот на оживувањето на кадиските битолски сиџили, во кои се криеја кодовите на исчезнатото време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)