Во овој случај, индикативно е тоа што речиси сите изгубени спорови т.е. негативни пресуди, и покрај немањето правни аргументи, се обжалуваат од страна на претставници на државните институции, при што се трошат големи суми буџетски средства („народни пари“) на име судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По завршувањето на доказната постапка, судот, по одржано- то советување и гласање во октомври 2009, со меѓупресуда,5 го одби тужбеното барање на Јакшиќ за надомест на штета како неосновано затоа што тужителот, наводно, самиот – поради својата небрежност – се довел себеси во состојба на ризик по неговото здравје, а доколку сметал дека таа задача е опасна по неговиот живот требало да одбие да ја изврши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од целиот процес К. П. доби само околу 16.000 МКД (265 ЕУР) со што е задоволен, иако сумата воопшто не е голема.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, тој беше должен да плати и паушал за судски трошоци во износ од 2.500 МКД, како и да му ги надомести процесните трошоци на оштетениот, во висина од 23.400 МКД (385 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Да биде иронијата поголема, беше одбиено и неговото барање за делумно ослободување од судски трошоци т.е. од плаќање судска такса,6 затоа што и тој и неговата сопруга, со која имаат две малолетни деца, се невработени и во тешка економска состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Целата парнична постапка, во однос на судските трошоци, го чинеше 3.700 МКД, додека адвокатот своите трошоци, во висина од 5.000 МКД, си ги наплати од склучениот договор за вонсудско порамнување. 119 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, постапувајќи по жалбата, второстепениот суд донесе одлука со која ја одбива жалбата како неоснована и ја потврдува првостепената пресуда.5
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Досега, по сите тужби има над 60.000 МКД (околу 1.000 ЕУР) за судски трошоци – кои по добиените пресуди, за среќа, си ги има повратено. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во ова „второ полувреме“ од спорот, каде што обете странки, секоја за себе, си ги сносеше судските трошоци Марковски – усно на записник – го повлече тужбеното барање за оштета поради неискористен годишен одмор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поради должината на постапката и поради дополнителните дејства што беше неопходно да се преземат, особено во доказната постапка [како, на пример, вештачењето] – судските трошоци севкупно изнесуваа околу 10.000 МКД (околу 165 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На ова, следуваше и законска затезна [по ново „казнена“] камата6 – која во конкретниов случај беше пресметана на не така занемарлив износ од 46.873 МКД (770 EUR) – со што целата сума, 113 по сите основи, која на крајот ја доби Марковски изнесуваше 344.635 МКД ( 5.650 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Она што го нагласува Божиновски е дека, низ сите овие процеси, нему бил вршен отворен притисок и бил уценуван од страна на компанијата, за делот од средствата со кои компанијата – во негово име – купила акции од матичната компанија QBE Австралија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од случајот на Б.Н. може да се заклучи дека дури и во државните институции, правата на работниците систематски се кршат, и истите се добиваат само по пат на судски спорови!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инаку, овие парични средства, останатите колеги кои не тужеа ги добија релативно брзо и веднаш им беа исплатени!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)