Но Бог имаше друг план за него и вечерта тој го слушна оној ист глас од пустината, глас што секогаш го слушаше низ вонземски шумови, глас што доаѓаше некаде надвор од телесниот свет, од длабочина и од висина истовремено, од центарот на постоењето, од внатрешното наместо од надворешното уво, строг и речиси суров во своите зборови.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)