суспендиран (прид.) - уредник (имн.)

Кадровикот, значи, предложи Баге да ѝ биде доделен на забавно - хумористичната редакција, која си имаше своја програма и свој термин во шемата на таа програма, но немаше постојан уредник туку редакцијата ја водеше моментно суспендираниот уредник од друга редакција, и така наизменично како што имаше постојано по некој уредник под суспензија, и така постојано додека имаше на располагање наизменично суспендирани уредници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во моментот, забавно хумористичната редакција падна под празен од, што ќе рече дека немаше на располагање суспендиран уредник, па мораше самиот кадровик, лично тој, да уредникува со нејзината забава и со нејзиниот хумор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)