Во таа интенција Тебе тукуречи Те нема како приватна личност!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓу обата дела постојат суштествени разлики: едниот е помал град, а другиот со повеќе велеградски белези.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Единствените пукнатини во високите бедеми на дистанца со која Елен Лајбовиц систематски се оградува од сите обиди за какво било вовлекување во Твојата лична или професионална приказна можат да се забележат исклучително во писмата што таа Ти ги испраќа во текот на драматичните летни месеци во 2001, кога во Македонија се води војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)