Имено, претсмртните ливчиња на отец Мида велат дека таванот на одајата, од десната страна на книгата, завршувал со сферична купола, мала апсида; во таа сферична купола, како мало небо, се наоѓало најчудното нешто што постои на овој свет: овална фреска на која бил насликан – нечестивиот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во претсмртните ливчиња на отец Мида стои, од збор до збор: „Каде и да застанев, тој ме гледаше, оти беше на сферичната купола, како да е искачен на небото, од каде сѐ се гледа; ме гледаше и како да сакаше да каже: не можеш да се сокриеш, да избегаш, да куртулиш од мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)